Ахмадинеџад разреши министерка

Од:

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја разреши министерката за здравство и единствената жена во неговиот кабинет, објави денес државната телевизија.

Министерката Маризех Вахид Дастџерди претходно предложуваше зголемување на цената на лековите заради силната депрецијација на домашната валута, Иранскиот риал, што е резултат на санкциите наметнати од страна на Западот против Иран поради неговата нуклеарна програма.

Како што наведува АФП, Ахмадинеџад се спротивставил на зголемувањето на цените и ја разреши министерката.

Иако западните санкции директно не влијаат на фармацевтските производи, тие го отежнуваат увозот на суровини поради ограничувањата на финансиските трансакции.

Иран покрива 97 отсто од своите потреби на лекови со сопствено производство, но многу од состојките за фармацевтските производи се увезуваат.

Во октомври, еден ирански официјален претставник призна дека домашната цена на лековите се зголемила за 15 до 20 проценти во претходните три месеци, а увезените лекови за 20 до 80 проценти.

Вахид Дастџерди беше првата министерка во Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ

Фалената „железна купола“ не пресретнала ниту една од хиперсоничните ракети на Иран

Предраг Петровиќ