Ахмадинеџад: Иран го зголеми бројот на центрифугите за збогатување ураниум

Од:

Иран го зголеми за 10 отсто бројот на центрифугите, кои се користат за збогатување ураниум, и покрај воведените санкции за земјата, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

„Моментално работат 11.000 центрифуги за збогатување ураниум во комплексите во Натанз и Фордо“, истакна Ахмадинеџад.

Овие податоци индиректно се потврдуваат и од последните оценки на меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), според кои Иран располага со 9.330 активни центрифуги во Натанз и со 696 центрифуги во Фордо.

Во Фордо збогатувањето достигнува ниво од 19,75 отсто, а во Натанз работат две линии – за збогатување до три проценти и до 19,75 отсто. Според набљудувачи, единствено во Фордо е можно степенот на збогатување да се зголеми до 90 отсто, што е потребно за создавање нуклеарно оружје. Поради тоа земјите од „шесторката“ – САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, настојуваат комплексот во Фордо да биде затворен.

Иранскиот духовен лидер ајатолах Али Хамнеи од своја страна истакна дека независно од кампањата против Исламската република, Техеран нема да се откаже од нуклеарната програма, која е „поддржана од народот“.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски