Африканската унија го суспендираше Судан по крвавата пресметка со демонстрантите

Од:

Членството на Судан во Африканската унија (АУ) е суспендирано откако властите на таа земја насилно се пресметаа со демонстрантите, соопшти Советот за мир и безбедност на таа организација.

Источноафриканската држава ќе биде исклучена од „сите активности на АУ се до вистинско воспоставување цивилна преодна влада како единствен начин за Судан да излезе од сегашната криза“.

Најмалку 100 демонстранти се убиени кога во понеделникот владините сили се обидоа да ги растераат протестирачите, кои демонстрираа седејќи. Рано изутрина, силно вооружените паравоени сили го нападнаа местото каде се одржуваше седечкиот протест, кој беше дел од кампањата за воведување демократски реформи, пукајќи со солзавец и боева
муниција.

Паравоените сили се дел од Брзите сили за поддршка, со кои командува Мохамед Хамдан Дагало, познат како Хемдети, кој исто така е и потпретседател на Транзискиот воен совет, кој управува со Судан откако Омар ал Башир со преврат беше симнат од власт на 11 април.

Според организаторите на протестот убиени се најмалку 100 демонстранти што властите демонтираа , додека државната агенција САНА извести дека биле убиени 46 лица. Медицинското здружение Централна комисија на судански лекари (ЦЦСД) во меѓувреме соопшти дека биле убиени околу 100 демонстранти, вклучувајќи ги и оние 40, чии тела беа пронајдени во реката Нил. Од ЦЦДС известија и дека за време на воената интервенција биле повредени над 300 лица.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот