Африка основа кризен фонд за борба против еболата

Од:

Африканската унија, Африканската банка за развој и регионални бизнис лидери основаа кризен фонд за помош на подрачја погодени од епидемијата на ебола.

На состанок одржан вчера во Адис Абеба, бизнис лидери од Африка понудија повеќе од 28 милиони долари за да се унапреди одговорот за епидемијата.

– Иако глобалниот одоговор е засилен во изминатите недели, и понатаму постои критична потреба за дополнителни стручност за грижа за инфицираните, јакнење на локалните здравствени системи и спречување на ширењето на болеста, се вели во денешно соопштение од АУ.

На состанокот присуствувале лидери од областа на банкарството, телекомуникациите, рударството, енергетиката…

Покрај Фондот, компаниите ветија и „логистичка поддршка“ како и донации. Средствата ќе бидат искористени за „поддршка на африкански медицински работници кои ќе се грижат за инфицираните со ебола, јакнење на капацитетите на локалните здравствени услуги и опремување на центри за лекување ебола во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски