Африка има очајна потреба од вакцини против Ковид-19

Од:

АП

Во глобалната трка за вакцинација против Ковид-19, Африка е на крајот од ред и тоа е трагедија. Всушност, континентот едвај ја мина почетната линија.

Во Јужноафриканската Република (Јужна Африка), која има најсилна економија на континентот и најголем број на случаи со коронавирус, само 0,8 проценти од популацијата е целосно вакцинирана, се наведува во светската база на податоци на Универзитетот Џон Хопкинс. Стотици илјади здравствени работници, од кои многумина се соочуваат со вирусот секој ден, се уште чекаат да бидат имунизирани.

Во Нигерија, најнаселената африканска земја со над 200 милиони жители, само 0,1 процент од населението е целосно вакцинирано. Во Кенија, со 50 милиони жители, стапката на вакцинација е уште помала. Уганда повлече дози на вакцини од руралните области затоа што нема доволно за борба против епидемиите во големите градови.

Чад не ги даваше своите први дози на вакцини се до минатиот викенд. Постојат најмалку пет други земји во Африка кои не примиле ниту една доза, се наведува во африканскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека континентот ма кој живеат 1,3 милијарди жители се соочува со сериозен недостиг на вакцини, додека новиот бран на инфекции се зголемува. Снабдувањето со вакцини за Африка „речеси е запрено“, соопшти СЗО минатата недела.

-Ова е крајно вознемирувачко и понекогаш депресивно, изјави директорот на африканската ЦКПЗ, д-р Џон Нкенгасонг, камерунски вирусолог, кој се обидува да им обезбеди на некои од најсиромашните земји на светот фер удел на вакцините на пазарот на кој тие се неконкурентни.

За разлика од африканските земји, САД и Велика Британија целосно вакцинираа повеќе од 40 проценти од нивното население со поголем процент на имунизирани возрасни и лица со висок ризик. Во европските земји, вакцинираните лица се блиску или над 20 проценти, а нивните граѓани веќе почнаа да размислуваат каде можат да заминат на годишен одмор на лето со своите сертификати за вакцинација. САД, Франција и Германија дури нудат вакцини на тинејџери и деца кои имаат многу мал ризик од сериозен Ковид-19.

Посиромашните земји минатата година предупредија на неизбежната нееднаквост во вакцинацијата, стравувајќи дека богатите земји ќе се снабдат со вакцини.

Во едно интервју, Нкенгасонг ги повика лидерите на богатите нации што се состанаа оваа недела на самитот Г7 да ги споделат вишоците вакцини, нешто што САД веќе се согласија да го сторат и да спречат „морална катастрофа“.

-Би сакал да верувам дека земјите од Г-7, од кои повеќето имаат обезбеднео премногу дози вакцини, сакаат да бидат на вистинската страна од историјата, рече Нкенгасонг и додаде: „Дистрибуирајте ги овие вакцини. Ние навистина треба да ги видиме овие вакцини и не само … ветувања и добра волја“.

Другите не се толку трпеливи или толку дипломатски.

„Луѓето умираат. Времето не е на наша страна. Ова е ЛУДО“, напиша меѓудругото во серијата СМС пораки јужноафриканската адвокатка за човекови права Фатима Хасан, која се бори за еднаков пристап до здравствената заштита.

Администрацијата на Бајден го направи својот прв голем чекор во ублажувањето на кризата минатата недела објавувајќи дека првично ќе сподели 25 милиони дози вакцини со најсиромашните земји во Јужна и Централна Америка, Азија и Африка.

Еден ден подоцна, Нкенгасонг и неговиот тим контактираа со претставници на Белата куќа и имаат список на земји во кои веднаш можат да бидат испратени пет милиони дози вакцини наменети за Африка.

Меѓутоа, американскиот предлог е само „капка“ од потребното, пишува Хасан.

Само Африка се соочува со недостиг од околу 700 милиони дози вакцини, дури и земајќи ги предвид дозите предвидени со Програмата за вакцини на СЗО за посиромашните земји Ковакс и договорот со „Џонсон и Џонсон“, што ќе се реализира дури во август.

Уганда штотуку пушти дел од серијата од 3.000 дози вакцини за главниот град Кампала – минимална сума за град со два милиона жители, само колку да престане кампањата за вакцинација. Таму и на други места, луѓето стравуваат дека среќата, што некако дозволи дел од Африка да ги избегне најлошите претходни бранови на инфекции и смртни случаи од Ковид-19, сега може да ги изневери.

Во Зимбабве, Чипо Џимба отишол да бара вакцина откако бил сведок на смртта на Ковид-19 во неговата заедница. Одела милји до болница, до црковна мисија, во која немале вакцини и повторно милји до регионалната болница каде медицинските сестри, исто така, икажале дека немаат вакцини и ја испратиле во главната државна болница. меѓутоа, таа била премногу далеку. „Се откажувам“, кажа Џимба и додаде: „мемам пари за билет за автобус“.

Јужноафриканските здравствени работници се соочија со слична фрустрација кога минатиот месец се судрија на затворен паркинг, во надеж дека ќе бидат вакцинирани и очајно ги игнорираа правилата за социјална дистанца. Многумина заминаа без да примат вакцина.

Фемада Шамам, која е одговорна за синџирот на домови за стари лица во јужноафриканскиот град Дурбан, проценува дека само околу половина од 1.600 постари и изнемоштени лица за кои се грижи се вакцинирани.

-Тие се многу депресивни и разочарани, рече Шамам за невакцинираните жители на нивните домови за стари лица, кои доживуваат „голема вознемиреност“ изолирани во своите затворени домови 18 месеци по избивањето на пандемијата. Вкупно 22 од станарите во нејзините домови починаа од Ковид-19.

„Ова навистина го потенцира најголемиот проблем … на оние кои имаат и немаат пристап до вакцини“, рече Шамам.

Што се однесува до тоа дали богатите земји со вишок вакцини ја разбрале пораката, Нкенгасонг рече: „Се надевам дека е така, но не мора да бидам сигурен“.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ