Аеродромот на Ла Палма повторно затворен поради ерупција на вулканот

Од:

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма повторно беше затворен поради пепелта од вулканот, кој е активен речиси три недели.

Научниците наведуваат дека натамошниот развој на ерупцијата е непредвидлив. Ерупцијата се смири претходните денови, но вулканот продолжува да исфрла лава.

Во Ла Палма, еден од Канарските Острови со 85.000 жители, регистрирани се 16 земјотреси во претходните 24 часа, чиј интензитет не надмина 3,5 степени.

Лавата принуди евакуација на повеќе од 6.000 луѓе и уништи повеќе од 600 куќи.

Поради облак од пепел, аеродромот на островот беше привремено затворен и минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавата „проголта“ куќи во Гриндавик, градот е блокиран

Горан Наумовски

Нова вулканска ерупција на Исланд