Адвокатите на Трамп побараа од Врховниот суд да го прекине објавувањето на неговите даночни пријави

Од:

Aдвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп побараа од Врховниот суд да го запре објавувањето на неговите даночни пријави, со што борбата за информирање за финансиската состојба на претседателот се сели пред највисоката судска инстанца во САД.

Барањето до Врховниот суд пристигна откако пониските судови одлучија неговите сметководители да мораат да им ги предадат овие пријави на истражителите, јави ДПА.

Адвокатот Џеј Секулов соопшти дека се надева дека највисокиот американски суд „ќе ја промени опасната и штетна одлука на жалбениот суд“

Барањето за предавање на информациите за повраток на данок на Менхетен е поврзано со исплатите кон две жени во замена за нивното молчење околу наводните афери со Трамп во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Истражителите тврдат дека информациите за даноците им се потребни за да одлучат дали исплатите биле илегални или не.

Претходно, Апелацискиот суд одлучи дека сметководителите на Трамп мораат на тужителите да им ги предадат неговите даночни пријави за последните осум години.

Пресудата на тужителите им овозможува да издадат обврзувачки налог до компанијата „Мазарс ЛЛП“ за доставување на документите, пренесуваат американските медиуми.

Њујоршкиот обвинител, демократот Сајрус Венс јуниор, ги побара личните и деловните даночни пријави од 2011 до 2018 година, во рамките на истрагата за бизнисите на претседателот и неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат