Адвокатите на Трамп ја изнесоа одбраната во Сенатот, отповикувањето било „политички театар“

Од:

Во пресрет на судењето за импичментот на Доналд Трамп, неговите адвокати ги отфрлија обвиненијата против него како „политички театар“, со образложение дека тој не е одговорен за нападот на Капитолот на 6 јануари, при што загинаа неколкумина лица, и дека е противуставно да се организира сенатски суд на поранешен претседател.

Во достапниот за јавноста извештај од 78 страници доставен денеска до Сенатот, се вели дека веднаш пред настапот на Трамп на 6 јануари во Вашингтон, тој „не посочил на никому да изврши незаконски чинови“, и дека тој не е виновен за однесувањето на „мала група криминалци“ кои веднаш потоа насилно упаднаа во Капитолот, откако, всушност, тој им порача „да се борат пеколно“ против резултатите од изборите, кои тогашниот претседател претходно ги нарече „фалсификувани“.

Адвокатите исто така инсистрираат дека Сенатот „нема јурисдикција“ да го суди Трамп затоа што сега тој е физичко лице, нарекувајќи го таквиот обид „патентирано смешен“.

Ова е првата правна одбрана на адвокатие на Трамп, откако Претставничкиот дом, поддржан и од десетмина републиканци, изгласа уште еден импичмент поради „поттикнување на побуна“ во Конгресот.

Долниот дом на Конгресот на САД изгласа импичмент против Трамп и во декември 2019 година, за друг случај поврзан со повикот на Трамп до претседателот на Украина, Володомир Зеленски, да влијае на изборите во САД.

Претхондо, самиот Трамп, претходно експресно го одби поовикот на обвинителите во Сенатот, составен од демократи законодавци, да сведочи на судењето кое се очекува да запчне неделава.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел