Администрацијата на Трамп одобри трансфер на оружје во вредност од 8 милијарди долари на Блискиот исток

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп синоќа издаде итна наредба за продажба на оружје на три земји од Блискиот исток, повикувајќи се на вонредната ситуација со Иран а наспроти вољата на Конгресот каде цела година се разгледува одлука за извоз на оружје за Саудиска Арабија.

Покрај саудиското кралство, во наредбата за продажба на оружје уште се и Обединети Арапски Емирати и Јордан.

-Трансферот на оружје и вооружени системи (на овие земји) е во висина од 8.1 милијарда долари и служи за заштита од иранската закана и изградба на партнерски самоодбранбени капацитети, се вели во синоќешното соопштение на државниот секретар Мајк Помпео.

Испораката вклучува самонаведувачки проектили, други бомби и муниција како и одржување на военото воздухопловство на Саудиска Арабија.

Одлуката на Стејт департментот за трансфер на оружје на Блискит исток доаѓа по претходното соопштение од Белата куќа на Трамп дека САД планираат да испратат 1.500 војници во регионот.

Во меѓувреме, во Конгресот се разгледуваше испорака на оружје за Саудиска Арабија, но одлуката за итна испорака го заобиколи законодавниот дом од каде сеуште доаѓаат поплаки поради блиските односи на админисрацијата на Трамп со оваа земја по убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Убиството на Кашоги, поранешен колумнист на „Вашингтон Пост“, и бруталната употреба на сила со многу цивилни жртви против бунтовничките Хути во Јемен, поддржани од Иран, од страна на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, е причина зошто Конгресот блокира повеќе од една година одлука за извоз на оружје за оваа земја во вредност од 2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски