Аџелина Џоли: Малала заслужува Нобелова награда за мир

Од:

Холивудската актерка Анџелина Џоли побара 14-годишното девојче Малала Јусуфзаи, кое беше тешко повредено од талибанците, да биде кандидат за Нобелова награда за мир.

Џоли истакна дека девојчето било на мета на талибанците бидејќи се заложувала за еднаквост во образованието.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Рахман Малик најави дека на Парламентот ќе му предложи ова девојче да биде наградено со „Медал за храброст“.

Јусуфзаи ја водеше кампањата за вклучување во образовниот систем на девојчињата кои живеат во областите што се под контрола на талибанците, а минатата година доби „Национална награда за мир“ во Пакистан.

Таа беше тешко повредена во напад извршен на 9 октомври, кога еден талибанец пукал во неа додека со училишниот автобус се враќала дома, ранувајќи ја во главата и вратот.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран