Абот: ИД е полоша од нацистите во Втора светска војна

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот денеска изјави дека групата „Исламска држава“ е полоша од нацистите за време на Втората светска војна, јави ДПА.

– Нацистите вршеа застрашувачко зло, но имаа доволно чувство за срам, да се обидат да го сокријат. Овие луѓе се фалат со сторените дела. Тоа е невообичаено, изјави Абот во радио-емисија на Ален Џоунс од „Радио 2 Џи-Би“.

Тие дејствуваат на начин, на кој дејствувале средновековните варвари, само го покажаа на светот со бесрамност, без можност тоа да се оправда. Тоа само дава нова димензија на ова зло, изјави австралискиот премиер.

Абот нагласи дека треба да се преземе се што е можно за победа против непопустливото зло на култот кон смртта на ДАЕШ, арапската кратеника на организацијата.

Изјавата на Абот доаѓа во време кога неговата влада го разгледува барањето на САД за зголемување на учеството на Австралија во борбата против ИД. Австралискиот премиер изјави дека одлуката за тоа ќе биде донесена идната недела, откако министерот за одбрана Кевин Андрус ќе се врати од странство.

Моментално австралиските воздушни сили помагаат во нападите против ИД во Сирија само со разузнавачки податоци и авиони цистерни. Во Ирак тие учествуваат во воздушните напади и имаат распоредено шест воени авиони „Хорнет“ и авиони цистерни.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски