Абортусот легализиран во Уругвај

Од:

Уругвајскиот конгрес вчера гласаше за легализација на абортусот во првите 12 седмици од бременоста, што е реткост за мнозинската Латинска Америка.

Уругвајскиот Сенат гласаше со 17 гласа „за” и 14 „против” за предлог-законот, кој долниот дом на парламентот го прифати минатиот месец по 14 часовна расправа. Претседателот Хоза Мујика, поранешен левичарски герилец, најави дека ќе го потпише предлогот кој така ќе стане закон.

Во Латинска Америка живеат околу половината католици во светот, а црквата се спротиставува под кои и да се околности. Уругвај, меѓутоа, за разлика од другите јужноамерикански земји, има силна секуларна традиција.

Неодамна едно истражување на јавното мнение покажа дека 2 отсто од Уругвајците веруваат дека абортусот треба да се легализира, а на тоа се спротиставуваат 34 отсто.

Уругвај е третата латиноамериканска земја којашто го озаконува абортусот до 12-та седмица од бременоста, по комунистичка Куба во 1965 година о Гвајана во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај запленет еден тон кокаин

Италијанскиот „крал на кокаинот“ побегна од затвор во Уругвај

Милиони луѓе без струја во Аргентина, Уругвај, Парагвај и Бразил

Ана Ололовска

Поранешната мис на Уругвај пронајдена мртва во хотелска соба

Татјана Ташкова

Уругвај ќе извезува марихуана во медицински цели

Ана Ололовска

Уругвајскиот лидер ги разреши највисоките воени функционери

Leave a Comment

sixteen + 11 =