Абе ја предупреди Африка за презадолженост

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја предупреди Африка за презадолженост, осврнувајќи се на големите кинески инвестиции на континентот за кои некои сметаат дека ја ослабуваат финансиската состојба на земјите во развој.

– Ако партнерските земји се длабоко задолжени, тоа ги спречува сите напори да влезат на пазарот, изјави Абе пред африкански лидери собрани на Меѓународната конференција за развој на Африка во Јокохама.

Тој ја искористи можноста да го промовира финансирањето што го нудат јапонските институции со поддршка од владата, и ги нарече „квалитетни“ инвестиции.

Според него, Јапонија планира да обучи експерти за финансиски ризик и управување со долгови во 30 африкански земји во следните три години.

Токио сака да го засили своето присуство во Африка, каде јапонските инвестиции се далеку од кинеските. Минатата година, Пекинг вети 60 милијарди американски долари инвестиции на самитот Кина и Африка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија