Абас свика итен состанок на палестинското раководство

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас за утре вечер свика итен состанок на целото раководство во резиденцијата на претседателот во Рамалах, соопшти портпаролот Набил Абу Руденех.

– Во светло на големите предизвици кои продолжуваат на сите нивоа од израелска страна, без разлика дали станува збор за повлекување на палестинските средства или продолжување на деструктивните и отфрлени активности за ширење на населбите, како и уништување на палестинските домови, претседателот свика итен состанок в четврток вечер на кој ќе се донесат важни одлуки во одговор на сите тие предизвици и кршења на претходните договори, наведува Руденех.

Портпаролот на Абас нагласи дека „состанокот ќе претставува пресвртница на сите нивоа, во врска со израелските акции и отфрлање на американските предизвици и нивните обиди да се поддржат израелските провокации, како и да се создаде фактичка состојба на теренот, која нема ништо заедничко со легалитетот и палестнските права“.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он