Абас: Резолуцијата на Ликуд е поддржана од САД

Од:

Претседателот на Палестина, Махмуд Абас ја осуди резолуцијата на владејачката израелска партија Ликуд со која се бара анексија на еверјските населби на Западен Брег. Според него оваа резолуција не би можела да биде донесена без поддршка од САД.

– Одлуката на Централниот комитет на Ликуд не би можела да биде донесена без целосна поддршка на американската администрација која одби да ги осуди израелските колонијални населби, како и систематски напади и злосторства на израелската окупација над народот на Палестина. Одлуката на Ликуд е дел од планот на Израел да ги избрише неотуѓивите права на палестинскиот народ, посочи Абас.

Според него израелската влада со помош на американската администрација не е заинтересирана за траен мир, туку нејзина цел е консолидација на режимот на апархејдот во цела историска Палестина.

– Обидите на Израел да ја убие шансата за мир ќе бидат дочекани со голема одлучност и цврстина. Ниту еден народ на светот не прифатил да живее како роб и Палестинците нема да бидат први што тоа го направиле, посочи Абас.

Би можело да ве интересира

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски