Абас ги помеша имињата на сегашниот и претходниот претседател на Египет

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас направи денеска гаф, кога јавно ги помеша имињата на сегашниот претседател на Египет Мохамед Морси и претходниот Хосни Мубарак.

Во обраќањето за време на отварање на самитот на Организацијата за исламска соработка во Каиро Абас упати благодарност до “неговата екселенција претседателот Мохамед Хосни“. Тој веднаш сфати дека зрешил и се поправи: „неговата екселенција претседателот Мохамед Морси“. Абас со својата изјава сакаше да му се заблагодари на Египет за поддршката за палестинската кауза.

Гафот предизвика реакции во прес-центарот на самитот, а некои новинари коментираа дека дека оваа грешка на Абас е последица на долгогодишното владеење на Мубарак. Учесниците на самитот настанот го прифатија со чувство на хумор, а некои од нив се насмеаја.

Самиот Морси остана со речиси неподвижно лице, а и тој при отварањето на самитот направи неколку грешки кога на два пати рече „еколошка трговија“, наместо „билатерална трговија“. Грешките се должат на фактот дека во арапскиот јазик и двата збора „еколошки“ и „двостран“ звучат слично и се пишуваат слично.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он