А1: И покрај лажните анкети, сите медиуми и контрапротести, изгуби! Збогум Саакашвили!

Од:

Денеска се одржааа парламентарни избори во Грузија. После 9 години на власт досегашниот претседател Саакашвили е победен. И покрај години и години избегнување дебата со опозиција, фрлање невидени пари на владини реклами и скоро целосна контрола на медиуми; и покрај анкетите кои што до вчера кажуваа дека ќе победи со 2 и пол према 1, и покрај неброените „неутрални“ аналитичари кои што во Грузија со години трубеа дека сите се исти… Опозицијата победи, односно народот сфати дека секако може и подобро да се живее. Го победија стравот што владата на Саакашвили нескриено им го наметнуваше и се изборија за достоинство, за живот без страв пред се!

Инаку 2-3 години после преземањето на власта, Саакашвили покрај националната грузиска телевизија, целосно уреднички ги презема и другите телевизии и сите весници во Грузија. Најчесто преку плаќање на огромн и суми за владини реклами. Сите медиуми критички настроени кон неговата власт се затворени. За овие избори, функционирал само еден опозиционен медиум, и тоа интернет портал, кој што бил многу високо посетен.

На секој повик за дебата од страна на опозицијата, Саакашвили одговарал со „немам што да дебатирам со луѓе што не направиле ништо за Грузија“. Секоја прес-конференција и трибина организирана од опозицијата била дочекувана со неколку „спонтано“ организирани собири од луѓе за поддршка на политиките на Саакашвили.

Пред 2 седмици на таков собир за поддршка на Саакашвили, една од телевизиите со линк во живо случајно интервјуира една бабичка, која што 10 минути без престан го фали Саакашвили и неговите политики. На 10-тата минута бабичката збунето спушта поглед и пред цела нација вели „заборавив што требаше следно да кажам“.

Но, откако пред 10 дена излегува видео на физичко и сексуално мачење на затвореници од страна на службени лица, веќе следниот ден во главниот град Тбилиси излегуваат 10.000 луѓе на протест, за таа бројка да порасне на 50.000 за 3 дена. Луѓе кои што само шетаат низ центарот на Тбилиси, без никакво насилство. Луѓе што го победиле стравот, бидејќи претходно секој што ќе кажел било што негативно против Саакашвили и неговата партија, сносел последици по својот бизнис или работно место.

Откако на третиот ден излегуваат 50.000 луѓе на протест, вечерта на дневникот на Грузиската национална телевизија сосема неочекувано се појавуваат сите уредници и изјавуваат дека поднесуваат неотповиклива оставка и дека нема да се вратат на своите работни места се додека Саакашвили не се согласи на дебата со опозицијата, бидејќи без дебата има само еднострана диктатура, а никако демократија (тоа се истите уредници што до тогаш извесувале како што ќе им биде наредено од владата). Иако Саакашвили не излага на дебата, и назначува нови уредници, сепак ги губи изборите.

3 последни „обиди“ му беа минатата седмица.

Прво нарача по неколку анкети на ден, и „случајни луѓе“ по улици, кои што ја величаа неговата политика, а лидерот на опозицијата по сите медиуми беше константно нарекуван руски предавник и марионета на Путин.

Второ, нелегално во средата (5 дена пред избори) донесе закон со кој што се забранува присуство на било каков медиум и снимање и од приватни лица на 100 метри од избирачко место на ден на избори „за да гласачите не чувствувале притисок“.

Трето, го засили притисокот кон државната администрација, и почна да им создава психоза дека сите ќе останат на улица доколку победи опозицијата.

Но сето се покажа бадијала. Изгуби, и иако се уште не го има признаено целосно поразот (ги чекал официјалните резултати од ДИК), Грузијците се ослободија од стравот и од притисоците и гласаа за подобар живот.

Подготви: A1on

 

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ќерката на Лавров предизвика хаос во Грузија: Дојде на свадба, мораше да ја напушти земјата со полициска придружба

Катерина Ѓуровски