83 проценти од Украинците се за влез во НАТО

Од:

– Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат нивната земја да се приклучи на НАТО алијансата, објави денеска киевската Агенција за испитување на јавното мислење, наведувајќи ги резултатите од истражувањето спроведено откако Киев поднесе барање за членство во воениот блок.

Агенцијата „Рејтинг груп“ спроведе истражување на примерок од 2.000 испитаници на 1 и 2 октомври, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека Украина поднесува забрзана апликација за членство во НАТО.

Ова е највисокиот регистриран процент на луѓе во Украина кои го поддржуваат членството во НАТО, соопшти Рејтинг груп.

Само четири отсто од испитаниците рекле дека би гласале против влезот во блокот, а девет отсто рекле дека воопшто нема да гласаат.

Во ноември минатата година, 55 отсто од испитаниците го поддржаа приклучувањето кон Алијансата, што покажува колку се промени јавното мислење за ова прашање откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат