500.000 долари на семејството на британската медицинска сестра

Од:

Австралиската радио станица „Тудеј Еф Ем“ ќе исплати над 500.000 долари на семејството на 46-годишната медицинска сестра Хасинта Салдања, која беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лондон во петокот.

Британската полиција смета дека Салдања се самоубила, откако на 7 декември двајца водители на австралиската радио станица Мел Крејг и Мајкл Крисчн, се претставиле како кралицата Елизабета Втора и престолонаследникот Чарлс, и успеале да извлечат доверливи информации за состојбата на војвотката од Кембриџ, Кејт, сопруга на внукот на кралицата, принцот Вилијам.

Компанијата „Садер крос остерио“, сопственик на „Тудеј Еф Ем“, објави дека веќе е создаден специјален меморијален фонд за донации за помош на семејството Салдања.

Двајцата водители беа суспендирани на неопределено време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв