42 илјади Палестинци ги напуштиле домовите во Газа

Од:

Околу 42.000 Палестинци во Појасот Газа ги напуштија своите домови поради израелските воздушни напади на крајбрежната територија, јави ДПА, додавајќи дека тие побарале засолништа во 50 училишта управувани од Агенцијата за помош и работи на ОН во Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на организацијата.

По нападите повеќе од 2.500 луѓе се останати без покрив над главата, откако им се уништени домовите.

Израел соопшти дека нападите се насочени само кон позициите на милитантите, но некои од нив се насочени кон преполните станбени реони од Газа, пренесува ДПА.

Израел наведува дека нејзината војска прави се што може за да се избегнат цивилни жртви. ​

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно

Хамас им се извини на жителите на Газа за прв пат по масакрот во Израел

Министерство за здравство во Газа: Досега починале 32.333 Палестинци