380 Аргентинци починаа од Ковид-19 во еден ден, највисока бројка досега

Од:

Во Аргентина се потврдени 8.731 нови случаи на коронавирус, што е рекорд од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени лица во оваа јужноамериканска земја достигна 350.867.

Во изминатите 24 часа, 381 луѓе починале од коронавирусот, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Вкупно 7.366 луѓе починале од коронавирус во земјата од почетокот на пандемијата.

Првиот случај на коронавирус во Аргентина беше потврден на 3 март, а карантинот беше воведен на 20 март.

Властите почнаа со олеснување на рестриктивните мерки во повеќето провинции од 4 јуни, а карантинот во главниот град Буенос Аирес е продолжен до 30 август.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски