30.5 милиони заразени, над 950.000 починати во пандемијата досега

Од:

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 30.490.653 лица со коронавирус. Од нив, 952.228 пациенти починале, а 22.168.239 се излекувани.

Софија – Во последните 24 часа, во Бугарија беа потврдени 154 нови случаи на коронавирус, додека 10 лица починаа, објавено е денеска на веб-страницата на Владата. Во истиот период, тестирани се 5.856 лица. Хоспитализирани се 744 пациенти, од кои 37 на одделение за интензивна нега. Од почетокот на павидемијата, 18.544 лица биле заразени со вирусот Ковид-19, а 4.404 случаи се моментално активни.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 339 нови случаи на Ковид-19, а починаа две лица, со што бројот на заразени се зголеми на 14.738, а на починати на 327 лица.

Подгорица – Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 208 новозаразени и четири смртни случаи, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.
Вкупниот број смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 124, а од почетокот на годината 133 пациенти.
Вкупниот број активни случаи во Црна Гора во моментов е 2.581.

Приштина – Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани четворица починати, 57 новозаболени и 137 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на пандемијата има 611 смртни случаи и 14.939 заразени од коронавирусот. Болеста ја совладале вкупно 12.325 лица, така што активни се 2.003 случаи. Вчера се извршени 678, а од почетокот на епидемијата 60.913 тестирања.

Тирана – Во Албанија, во последното деноноќие, од направените 833 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 125. Во исто време оздравеле 43, додека починале пет лица во болнички услови. Од вкупно заразените 12.073 во списокот на оздравени се внесени 6.831, починале 353, додека активни на болеста се 4.889 лица. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 78.050 тестови.

Љубљана – Во Словенија се потврдени 137 нови случаи на заразени со коронавирус во последните 24 часа, со 3.557 тестови, што е за 33 повеќе од претходниот ден и е нов рекорден број на потврдени дневни инфекции од почетокот на епидемијата, соопшти денеска словенечката Влада. Бројот на активни случаи во Словенија во моментов е 1.116, од вкупно 4.195 потврдени заразени од почетокот на епидемијата.
Во болниците има 67 пациенти со Ковид-19, што е за седум повеќе од претходниот ден, а 11 од нив се на интензивна нега. Регистрирани се четири нови смртни случаи, со што вкупниот број починати од вирусот се искачи на 138.

Прага – Во Чешка во последните 24 часа имало 3.130 нови случаи позитивни на коронавирус, четири лица починале, а бројот на смртни случаи од компликации како резултат на Ковид-19 се искачи на 489 од почетокот на пандемијата, објави чешкото Министерство за здравство. Според статистичките податоци што ги објавува чешкото Министерство за здравство секој ден на полноќ, вчера беше нов црн рекорд, бидејќи бројот на новозаболени лица надмина 2.000. Постојат 20.298 активни случаи, од кои 413 пациенти со Ковид-19 се хоспитализирани, меѓу нив 91 пациент е во сериозна состојба на интензивна нега или респиратор.

Лондон – Во Велика Британија во последните 24 часа се потврдени 4.322 случаи на Ковид-19, што е речиси за илјада повеќе од претходниот ден.
Во исто време, ова е најголемиот број новозаразени од 8 мај.
По најновиот пораст на бројот на новозаразени, британските власти денеска соопштија дека дополнителни ограничувања ќе стапат на сила во централните и северните делови на Англија од вторник, со цел да се намали зголемувањето на бројот на заболени од вирусот.
Контактот помеѓу различни домаќинства ќе биде забранет, додека работното време на угостителските објекти што работат до доцна во вечерните часови ќе биде ограничено.

Москва – Во Русија се потврдени 5.905 нови случаи на коронавирус, што е најголем број нови случаи во еден ден од 20 јули, објави денеска Центарот за борба против коронавирусот. Починаа 134 лица, што го зголеми вкупниот број на починати од Ковид-19 на 19.195, пренесува TАСС. Од почетокот на пандемијата, вкупно еден милион и 91.186 лица се заразиле, додека 170.784 случаи се моментално активни.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски