20 милиони Американци би можеле да ја примат вакцината против коронавирусот до крајот на годинава

Од:

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) очекува да преземе акција наскоро по одобрувањето на вакцината против коронавирус развиена од „Фајзер“, а 20 милиони Американци би можеле да бидат вакцинирани оваа година, изјави денеска комесарот на ФДА Стивен Хан.

Тој одби да даде точна временска рамка за тоа колку време ќе биде потребно за одобрување на вакцината развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“, но рече дека се надева дека регулаторната одлука ќе биде донесена во декември.

– Штом ФДА ја одобри вакцината, јас ќе бидам прв во редот и ќе го охрабрам моето семејство да ја прими вакцината, рече Хан.

Многу сојузни власти очекуваат вакцината да биде одобрена во рок од неколку дена по состанокот за ревизија закажан за 10 декември, иако еден официјален претставник на ФДА неодамна рече дека одлуката за одобрување може да трае со недели.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски