19 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Кина

Од:

19 лица загинаа во лизгање на земјиштето во неделата во провинцијата Сечуан, југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Во првите информации за несреќата локалната самоуправа пријавила 14 загинати и пет исчезнати, но телата на вторите подоцна биле пронајдени, пишуваат службените весници.

Свлечиштето се случило на врвот на планина, на местото на шумска фарма, во близина на градот Лешан, велат овие извори. Во 20:00 часот (14:00 часот по средноевропско време) беше пронајдена 19-та жртва и потрагата по исчезнатите беше прекината, објави кинеската државна телевизија CCTV.

Одроните се вообичаени во планинските и руралните области на Кина

Повеќе од 180 луѓе беа испратени на местото на несреќата за да ги пронајдат преживеаните, соопштија локалните власти. Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Во таа рурална провинција живеат околу 40.000 луѓе главно од шумарство и земјоделство.

Одроните се честа опасност во планинските и руралните области на Кина, особено за време на сезоната на дождови. Во свлечиштето што се случи во Сечуан во 2017 година, беше затрупано цело село со околу шеесетина куќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја погоди границата меѓу Киргистан и Кина

(ВИДЕО) Голем пожар во Кина, загинаа најмалку 15 лица, 44 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката