184 доверливи документи се пронајдени во одморалиштето на Трамп

Од:

Американското Министерство за правда објави редигирана верзија на правниот документ врз основа на кој ФБИ изврши претрес во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.

dobivaj vesti na viber

Документот за кој станува збор содржи 38 страници, од кои една третина е речиси целосно затемнета, со цел да се зачува интегритетот на самата истрага, но и да се заштитат одредени сведоци и учесници во истрагата. Сепак, документот би можел да понуди детали за наводните криминални активности на претседателот Трамп, поради што е извршен претресот.

Понатаму се наведува дека дури 14 од 15 кутии и вкупно 184 доверливи документи, пронајдени во одморалиштето на Трамп биле означени како строго доверливи, а пронајдени се и други посебни информации кои ги напишал самиот поранешен претседател.

Наведено е и дека има одреден број документи кои Доналд Трамп ги зел од Белата куќа откако престанал да биде претседател, со тоа што подоцна, во текот на овој мај, биле предадени на Националниот архив.

Објавено е и писмо од адвокатот на Трамп, во кое се жали на истрагата и претресот што се случи пред нешто помалку од три недели, со наводи дека Трамп има овластување да ја отстрани ознаката за тајност од пронајдените документи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џек Смит именуван за специјален обвинител во истрагата против Доналд Трамп

Трамп ја започна својата трета претседателска кампања за Белата куќа

ФБИ ќе го истражува убиството на новинарката на Ал Џазира, за Израел тоа е грешка

А1он

Трамп во вторник ќе ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година, потврди неговиот советник

Трамп е среќен што Маск го презел Твитер

Вашингтон пост: ФБИ во куќата на Трамп пронашле разузнавачки податоци за Кина и за Иран

Горан Наумовски