154 самоубиства во 155 дена во Авганистан

Од:

Американските војници годинава во Авганистан се повеќе посегаат по својот живот, во просек има по едно самоубиство дневно. Тоа е најмногу во последните 10 години војна, при што од почетокот на 2012 досега помалку има настрадани во војната, отколу што сами одлучиле на овој кобен чекор.

Во првите 155 дена годинава, 154 војници извршиле самоубиство, што е за 50 % повеќе од бројот на загинатите во борбата во Авганистан, според податоците на Пентагон.

Големиот број на самоубиства се должи на состојбите во американската армијата, обременета од барањата на војната во Ирак и Авганистан, кои се зголемуваат постојано. Армијата се повеќе се соочува со проблеми како сексуални напади, алкохолизирања, насилство и други форми на злодела.

Причини за зачестеноста на самоубиствата, според некои се должи и на последиците од секојдневните акции, пост-трауматскиот стрес, злоупотреба на лековите и личните финансиски проблеми на војниците.

До 3 Јуни, 154 војници се самоубиле, 18 повеќе во однос на истиот период минатата година.

Бројот на самоубиства е во пораст и покрај обидите да им се овозможи на војниците да побараат помош, доколку се работи за психолошки проблеми. Но, многумина во армијата го сметаат барањето на стручна поддршка како закана за напредокот во кариерата.

Директорот на новоформираната Управа за спречување на самоубиства во Пентагон, Џеки Gerik рече дека бројката е алармантна. Тие очекувале да се намали, а таа и покрај сите преземени мерки се движела во обратен правец.

Воената служба за да ги намали, или делумно да ги ублажи проблемите на војниците отвори и телефонска линија за помош, воведе тренинг-обуки за справување со стресот и се повеќе ивестира во истражувањата за ризиците или други алтернативни решенија за да ги задржи своите војници живи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник