120 милиони луѓе во Индија повторно во двонеделна изолација

Од:

Државата Бихар, во северна Индија, од утре повторно воведува двонеделна изолација за околу 120 милиони жители, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

„Владата на Бихар одлучи да воведе 15-дневна изолација од 16 до 31 јули“, напиша денеска на Твитер официјалниот претставник Сушил Кумар Моди.

Тоа ќе биде најголемата изолација на која било локална заедница во Индија од укинувањето на ограничувањата низ целата земја на почетокот на јуни, бидејќи вирусот продолжува да се шири.

Во Бихар, сиромашна индиска држава на границата со Непал, досега има 160 починати од Ковид-19 и 17.959 заразени, соопштија властите утринава.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка