107 новозаразени од Ковид-19 во Австрија

Од:

Во изминатото деноноќие, во Австрија е забележано значително зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, кој повторно е трицифрен за првпат од средината на април.

Според Министерството за здравство, регистрирани се 107 новозаразени лица, од кои најголем број се во провинцијата Горна Австрија каде има 61 случај, а на второ место е главниот град Виена со 24 новозаразени.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија, позитивни на Ковид-19 се вкупно 17.778 лица, од кои 16.491 се излекувале, а вкупно биле тестирани 620.866 лица.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче

Авганистанец уби три жени во Виена