ВИДЕО: Грци се испотепаа за бесплатна храна

Од:

Грчките земјоделци кои изминативе две недели протестираат против владините мерки за штедење, вчера на сиромашените граѓани им поделија 50 тони бесплатно овошје и зеленчук.

Во метежот поради бесплатното делење на продукти, еден човек беше прегазен и повреден од граѓани кои се бореа први да стасаат до бесплатната храна, а целиот настан предизвика нови дискусии за бедата во која тоне Грција поради должничката криза.

-Оваа глетка ме лути. Лут сум поради гордиот народ кој нема доволно храна да јаде, кој не може да обезбеди греење, ниту да состави крај до крај- рече Костас Баркас, пратеник на левичарската партија Сириза.

И другите пратеници изразија тагата, затоа што горделивиот народ дошол до ова ниво.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски