ЖИВО: Борба за Таксим – полицијата против народот

Од:

 

23.28

Градоначалникот на Истанбул Хусеин Авни Мутлу изјави дека полицијата ќе продолжи со акцијата против демонстрантите на плоштадот и упати повик сите да го напуштат местото поради ивна безбедност.
Според непотврдени информации една лице е погинато во претпладневната акција на полицијата.
Полицијата сеуште е на празниот плоштад и постојано пука со гасни бомби кон демонстрантите кои се од сите страни на Таксим.

22.12 

Турската полиција повторно со солзавец и гумени куршуми стрела кон демонстрантите. Ситуацијата стана понапната откако беа фрлени молотови коктели врз полициските возила. Уапсени се педесетина демонстранти, а на плоштадот по повикот на Платформата за солидарност се упатија колони жители на Истанбул.

19.37 

Полицијата успеа да го заземе турскиот плоштад Таксим, а демонстрантите се засолнаа во Гези паркот. Нападот на полицијата следеше по обраќањето на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека нема повеќе да ги толерира анти-владините протести кои и штетат на економијата.

„На сите кои сакаат да продолжат со инцидентите, јас им викам-доста е!“, рече Ердоган.

Водени топови, куршуми, солзавец-плоштадот во Истанбул е обвиен од чад. Иако со голема полициска сила беа истерани во текот на денот, Турците не се предаваат. Повторно се на плошадот на спротивна страна  со полицијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски