ВИДЕО: „Бикини Мун“ е филм на деликатна линија меѓу играното и документарното

Од:

Македонската премиера на филмот „Бикини Мун“ на режисерот Милчо Манчевски е закажана за 22 март во 20 часот во киното „Милениум“, а веќе од 22 часот филмот ќе биде прикажуван на редовен репертоар. Ова во споредба е прва кинодистрибуција на најновиот филм на Манчевски, но досега тој имаше неколку премиери во светот и ја освои критиката.

Го нарекуваат меѓудругото „провокативен, повеќеслоен лажен документарец, кој ги истакнува најлошите моменти на либерализмот на милениумската генерација“.

„Замисли да си жена која била војник во Ирак, а сега живее на улица во Њујорк. Ѝ ја одзеле ќерката затоа што има ментална болест и се бори да си ја врати назад. Бикини Мун Дејвис, главниот лик, има сложен однос со стварноста. Таа е харизматична, привлечна, духовита, ама и жена со ментални проблеми. Покрај тоа, Бикини Мун е и лажен документарец, и со тоа филм за нашиот однос кон вистината, за тоа како медиумите го менуваат она што го снимаат и влијаат врз стварноста за која известуваат. Приказнава е нешто што секој треба да го склопи на свој начин. Мојата цел е емотивната, а не фактографската вистина“, рече Манчевски на денешната прес-конференција.

По долго време, ова е прв сосема американски игран филм на Манчевски. Според него, конкретно во оваа приказна и овој филм македонско учество во продукцијата не било предвидено, иако работата на музиката тој му ја доверил на македонски композитор. Автор на музиката за филмот е неговиот долгогодишен соработник Игор Василев – Новоградска, а на денешната прес-конференција присуствуваше и британскиот дизајнер на продукција Дејвид Манс, кој како дизајнер на продукција има работено на сите досегашни филмови, видеореклами и видеоспотови на Манчевски. Дизајнер на визуелните ефекти на филмот е на Мишо Ристов.

„ За мене делото е најважно иако можеби ќе беше добро ако ни се склопеа ѕвездите за соработка со Македонија. Целиот процес на подготовка на работата на ‘Бикини Мун’ беше многу интересен. Многу сум задоволен од актерите и целата екипа“, рече Манчевски на денешната прес-конференција.

На прашањето зошто секогаш истакнува дека повеќе сака да пишува откоку да режира, Манчевски одговори дека „режијата е строга робија во споредба со пишувањето“.

За Манс, кој за потребите за снимањата на Манчевски прилично ја истражувал Македонија, земјата има преубави предели.

„Описот на мојата работа е таков што морам да истражувам многу локации. Земајќи предвид дека најголемиот број од филмовите на Милчо се снимани низ Македонија можам слободно да кажам дека одлично ја познавам вашата земја, која има преубави предели“.

По македонската премиера животот на „Бикини Мун“ продолжува на други меѓународни фестивали во Сарасота (Флорида), во Истанбул, Филмскиот фестивал Менхетен (Њујорк), во Франкфурт (Германија) и Нешвил во мај. Неодамна, на 38. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, филмот на Манчевски ја освои специјалната награда од жирито.

А.В.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето