Импресиите и коментарите за новите модели од Apple, iPhone 5s и iPhone 5c, никако да стивнат. На интернет можат да се најдат најразлични анализи и споредби, но оваа е една од најдобрите.
iPhone 5s ќе биде достапен во златна, црна и сребрена боја. Тој е изработен од алуминиум и работи на 64-битен А7 чип.
Според Епл процесорот е два пати побрз, додека графиката и перформансите се 56 пати побрзи од претходникот.
Батеријата на новиот iPhone 5s може да издржи 10 часа интернет пребарување, 10 часа 3Г разговори или 250 часа во стенд бај.
iPhone 5c доаѓа со нов дизајн и е достапен во неколку бои како зелена, жолта, сина, бела и црвена.
Предниот, задниот и страничниот дел на телефонот се изработени од еден дел. Куќиштето е изработено од поликарбонат, а за внатрешноста е користена структура од зајакнат челик.
iPhone 5c располага со 4 инчен екран и камера од 8 мегапиксели.
Двата модели се најдоа во продажба од вчера во над 100 земји.