ВИДЕО: Излезе со голи гради на сцената зад Аврил Лавињ, и и го „украде шоуто“

Од:

Аврил Лавињ пред два дена присуствуваше на доделувањето на Juno Awards во родната Канада, но на сцената и се случи нешто сосема неочекувано.

Додека настапуваше, Аврил се соочи со активистката за заштита на животната средина, која излезе на сцената топлес во знак на протест против новиот станбен план на премиерот Џастин Трудо во Онтарио – да изгради домови на зачувано земјиште.

На никој не му е јасно како успеала да се протне покрај обезбедувањето и да се качи на сцената.

Како што јави CBC News, Аврил Лавињ и дала кратка и јасна опомена на активистката „Еби се“, а таа го спомнала самиот инцидент истата вечер кога ја примала наградата.

„Подобро е никој да не пробува ништо овој пат! Ќе ја еб*м таа кучка“, изјави Аврил.

Водителот на емисијата, актерот Симу Лиу, го заврши двочасовното емитување од Едмонтон Роџерс Плејс извинувајќи им се на гледачите: „ Се извинувам поради цицк*те“.