Тепачка во кафеана во Аеродром, уапсени неколку лица

Од:

На 04.07.2022 во 01.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Ж.Г.(25) и А.Г.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 00.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, пријавените заедно со Д.М.(20) од Скопје, од една страна и И.С.(42) од Скопје, од друга страна, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која И.С. употребил тврд предмет.

Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жители на Сплит се тепаа со туристи

Велешанец претепал познаник во гостилница

Горан Наумовски