Совети за пролетно уредување на домот

Од:

Пролетта е идеално време за освежување на домот… Со доаѓањето на потоплите денови, многумина се одлучуваат за поголеми реновирања, како што е замената на керамички плочки. Но, ако не сакате да трошите време и енергија на поголеми дела, може и со малку напор да му се даде пролетен изглед на живеалиштето.

dobivaj vesti na viber

Дневната соба

Сега е време кога се мијат прозорците и теписите. Подебелите зимски килими може да ги замените со потенки, шарени теписи. Новите корнизи или завеси се исто така одличен начин за освежување на дневната соба. Различни бои и материјали, нови перничиња за креветот или нови столчиња оставаат впечаток на целосно нов простор.

Најлесен начин да ја внесете пролетта во вашата дневна соба е да додадете растенија што ќе донесат боја и свежина, или пак, нови слики – било уметнички дела или фотографии. Доколку сакате да бидете креативни, може и сами да создадете уметност.

Со потоплото време, доаѓа и реорганизацијата на гардеробите. Соберете ја зимската облека што не планирате веќе да ја носите, сè што е надминато, спакувајте го и подарете го во добротворно здружение.

Спалната, кујната, трпезаријата работната соба…

Време е да направите и промени и околу вашиот кревет – нова постелнина и ќебиња од потенки и воздушести материјали. Изберете прекривки во топли и светли бои или со цветен дезен. Дебелите ќебиња, и тешки јоргани одат во плакарот и ја чекаат есента.

Најлесен начин да ја освежите кујната или трпезариската маса е со нови јадења… Или пак, со нови чинии и чаши пастелни бои. Украсете ја масата со чаршав во цветни шари и светли бои надополнето со голема вазна со свежо пролетно цвеќе во центарот на масата. Познавачите препорачуваат лалиња.

Друг едноставен начин за пријатно украсување на кујната е – полица со зачини. Добрра организација на она што се гледа однадвор, ќе направи кујната да изгледа појасно и уредно, а полицата со зачини ќе го охрабри и готвачот во вас почесто да се впушта во нови комбинации на вкусови.

Ако работите или студирате од дома, искористете го пролетниот наплив на енергија за да го преуредите и работниот простор. Исфрлете го целиот вишок хартија и канцелариски материјали од работната маса и препуштете му се на минимализмот. Ако просторот околу вас е подобро организиран и без вишок работи, ќе бидете попродуктивни и ќе имате помалку работи коишто непотребно ви го одвлекуваат вниманието. Една креативна идеја е и тоа – да ги преуредите полиците за книги според бојата на корицата. Така, книгите ќе послужат и како убав украс на просторот.

За да бидете ефективни и сосредоточени, важно е да имате доволно светлина на местото предвидено за работа. Ставете ја работната маса што е можно поблиску до прозорецот. А, ако ова не е можно, поставете подна ламба покрај работната маса или закачете светилка на блискиот ѕид. Но, важно е светлото да биде насочено во книгата или тастатурата, затоа што при слаба осветленост лошо влијае на очите, што може да доведе до главоболки, недостаток на енергија и послаби работни способности.

Балкон или тераса

Пролетта носи подолги и потопли денови. Дали има подобро од тоа да се седи на балкон со кафе и „порција“ сончевите зраци? Украсувањето на балконот или терасата по свој вкус ќе ги претвори во совршено место за опуштање. Покрај нова маса и столови, допир на пролетта можат да донесат украсни перници во разни бои. За да има вистинска пролетна зелена оаза, украсете го просторот со растенија, а за максимална релаксација, нема да ви пречи лежалка за секој ваш слободен миг.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска