Раб: Велика Британија нема да ги напушти граѓаните на Хонг Конг

Од:

Велика Британија нема да го сврти грбот на обврските што ги презеде во својата поранешна колонија во Хонг Конг, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, кој оцени дека Кина ги прекршила ветувањата со новиот закон за безбедност.

Според тој закон, обид за отцепување и бунт, ќе се смета за кривично дело за кое е можна казна доживотен затвор,

„Кина одлучи да го прекрши ветувањето што го даде на народот во Хонг Конг и да оди против она на што се обврза пред меѓународната заедница“, напиша Раб на Твитер.

Претходно Раб изјави дека сака да ги види деталите од новиот закон пред да донесе одлука за следните чекори.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Велика Британија влезе во рецесија