Пенс: Сакаме и правиме напори да ги отвориме училиштата на есен

Од:

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави дека американските училишта мора да се отворат и да работат како вообичаено оваа есен и покрај пандемијата со коронавирус затоа што како што кажа тој: „не можеме да им дозволиме на нашите деца академски да заостануваат“.

Тој во гостувањето на американската телевизија „Фокс Њуз“ истакна дека милиони семејства во САД се потпираат на локалните училишта и дека многу од децата кои се бораат со емоционални предизвици или имаат инвалидитет можат да ја добијат потребната нега само на училиште.

Заложбите на потпретседателот се појавија откако претходно официјалните претставници на администрацијата на Трамп изјавија дека нивна „цел“ е да работат „рака под рака“ со локалните власти за безбедно отворање на училиштата во земјата, откако повеќето сојузни држави низ САД одлучија да ја завршат учебната 2019-2020 година во март или април.

Американскиот претседател и првата дама Меланија Трамп беа домаќини претходно на организирана конференција за ова прашање во вторникот во Белата куќа, каде Трамп рече дека „ќе изврши голем притисок“ врз гувернерите за повторно отворање на образовните установи на есен.

Пенс, од друга страна, вети дека тимот на Белата куќа ќе се погрижи да работи заедно со гувернерите од двете партии за безбедно отворање на училиштата.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД