Кејтлин Тарнер за 40-годишнината на „Телесна страст“

Од:

По неколку нискобуџетни проекти, глумицата Кејтлин Тарнер својата прва забележителна улога ја имаше како фатална Мети Вокер во класиката „Телесна страст“ (Body Heat), ноар-трилер исполнет со жесток секс. Филмот беше објавен во кината пред 40 години, во август 1981 година.

Филмот исто така го означи и режисерското деби на Лоренс Касдан, а покрај Тарнер глумеше и Вилијам Харт како адвокат од Флорида, кој заговара со неа да го убијат нејзиниот богат сопруг, додека почнуваат интензивна афера.

Глумицата по повод јубилејот проговори за искушенијата зад сцената и други подробности.

– Тоа му беше првпат на Лари Касдан да режира и – ова беше малку погрешно: (тој) одлучи првата (снимена) сцена да биде со целосна голотија. Тоа беше она „кршење на мразот“ и го завршивме. Тоа беше нашето прво снимање! …Да, сѐ уште не мислам дека тоа беше најдобрата идеја, раскажува Тарнер.

Покрај почетничките грешки, имало и технички препреки.

– Снимавме една фантастична сцена каде што (Харт) е надвор од куќата, го зема столот и го крши прозорецот. Ние бевме, веројатно, меѓу првите користевме стабилна камера (Steadicam), па таа постојано се расипуваше… Така, снимањето продолжуваше цела ноќ, а тензиите само растеа, се потсеќа Тарнер.

Така и една секс-сцена, прекината „во најголемиот жар“, морале да ја снимаат два дена.

Би можело да ве интересира

Ентони Хопкинс ќе глуми во новиот филм на Флоријан Зелер-„Син“, продолжение на оскаровскиот „Татко“

Ана Ололовска

Марк Хармон ја напушти „Нејви“

Ана Ололовска

Холивуд гласа за штрајк викендов

Ана Ололовска

Дев Пател: По „Сиромашниот милионер“ бев како јастог во тенџере

Ана Ололовска

Џони Деп за „културата на исклучување“ во Холивуд

Ана Ололовска

Почина режисерот Мелвин ван Пиблс

Ана Ололовска