Иванка Трамп би можела да му се врати на модниот бизнис

Од:

Последните испитувања на јавното мислење околу изборите во САД,  посочуваат извесна веројатност дека сегашниот претседател Доналд Трамп може да ја загуби битката за втор мандат. Во таа смисла, неговата ќерка и „десна рака“ во изборната кампања – Иванка може да се врати на своите претходни обврски.

dobivaj vesti na viber

Имено, таа уште 2007 година отпочна сопствена линија фин накит „Иванка Трамп“, која покрај во САД и во Канада, се продава и во земји на Блискиот Исток – Бахреин, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Сега брендот опфаќа облека, обувки и модни додатоци.

Но, по победата на Трамп во 2016 година, кога семејството стана поактуелно и попознато, во првата фискална година по изборите, Иванка со својот бренд заработила 47 милиони долари. За да нема конфликт на интереси, таа ја префрли својата фирма на туѓо име, но 2018 година ја затвори, па сега, можеби, и ќе го рестартира брендот. Во полза на тоа оди и фактот што Венди Денг, влијателната поранешна сопруга на Руперт Мардок, сега е омажена за деверот на Иванка.

Таа е и сопственичка на хотел „Трамп интернејшнал“ во Вашингтон, кој ѝ носи заработка од 5,5 милиони долари. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг Џеред Кушнер го продолжува семејниот бизнис со недвижнини, па неговата компанија денес располага со 23.000 живеалишта.

Сега, кога тие двајца се попознати и попрепознатливи, таа неодамна ја навести и својата нова книга.

Би можело да ве интересира

Во „KO-РА“ изложба на облека и накит на дизајнерката Александра Вељановска

Ана Ололовска

Кокев не однесе на нова дестинација со колекцијата „Пустинска роза“

Ана Ололовска

Таа беше првиот супермодел, а денес поради пластичните операции изгледа сосема поинаку

Ана Ололовска

Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

А1он

Зендаја „оживеа“ фустан стар 30 години

Ана Ололовска

„Џорџо Армани“ откажа ревии во Милано и Париз

Ана Ололовска