Интер влезе во полуфиналето на Лига Европа

Од:

Првиот полуфиналист во Лигата на Европа е Интер, кој на неутрален терен во Германија го совлада Баер Леверкузен со 2:1. Италијанскиот тим ќе игра против Шахтјор или Базел во борбата за финалето, а името на ривалот ќе го дознаат во утревечер.

Барела го отвори резултатот во 15. минута, а Лукаку реализираше за 2:0 во 21-та. Ѕвездата на „аспирините“, Каи Хаверц врати еден гол четири минути подоцна, но до крајот немаше други голови.

Финалето на второто најсилно европско натпреварување се игра во Германија, а финалето е закажано за 21 август на стадионот во Келн.

Во вториот дуел вечерва, Манчестер Јунајтед на „Реин Енерџи“ стадионот во Келн игра продолженија со Копенхаген, откако регуларниот дел заврши без голови.

„Црвените ѓаволи“ или Данците во полуфиналето го чекаат победникот од мечот Волверхемптон – Севиља.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу навивачите на Рома и Лацио, полицијата употреби солзавец

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Словачкиот фудбалер ке го облече дресот на клубот од Париз