Зверев последен четвртфиналист на Мастерсот во Мајами

Од:

Германецот Александер Зверев е последниот тенисер кој избори учество во четвртфиналната фаза на престижниот Мастерс турнир што се игра во Мајами, САД.

Зверев рано утрово го победи Ник Кирјос од Австралија со 2-0, во двата сета беше 6:4.

Претходно во текот на ноќта Кевин Андерсон од ЈАР беше поуспешен од домашниот тенисер Френсис Тиафое исто така во два сета.

Парови за четвртфиналето:

Пабло Карено-Буста – Кевин Андерсон,
Александер Зверев – Борна Чориќ,
Хуан Мартин дел Потро – Милош Раониќ и
Хјеон Чунг – Џон Изнер.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ