Зверев почна со тешка победа во Лондон

Од:

Германскиот тенисер Александар Зверев со победа го почна своето учество на финалниот АТП турнир во Лондон.

Во натпреварот од првиот круг од групата „Густаво Куертен“, Зверев триумфираше по два тајбрејка (7:6 (5), 7:6 (1) над хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, во натпревар кој траеше два часа и девет минути.

Подоцна денеска се игра вториот натпревар од групата, каде што лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ (Србија) се среќава со Американецот Џон Иснер.

Во вчерашните дуели, Кевин Андерсон отвори со победа против Доминик Тим, додека Кеј Нишикори изненадувачки го совлада Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Алкараз: Секој меч со Зверев е голема битка

Горан Наумовски

Зверев повторно e обвинет за семејно насилство: Сега е обвинет од жената со која има дете

Зверев го скрши жилавиот Јари, Агут го нокаутира Медведев

Зверев исфрлен од турнирот во Акапулко

Ана Ололовска

ВИДЕО: Зверев со рекет тргна кон судијата по изгубен меч

Ана Ололовска