Зутер најбрза на супервелеслаломот во Гармиш

Од:

Швајцарката Корин Зутер е победничка на денешната трка од Светскиот скијачки куп во дисциплината супервелеслалом возен на патеката во Гармиш-Партенкирхен.

Зутер трката ја заврши со време 1:19.46 минута, 43 стотинки побрзо од Никол Шмидхофер од Австрија и 70 стоти делови од секундата побрзо од сонародничката Венди Холденер.

За Зутер ова беше втора победа во нејзината кариера.

Таа води во пласманот во супервелеслалом со 300 бода.

Во Генералниот пласман лидер е Микаела Шифрин (САД) со 1.225 бода, пред Федерика Брињоне (Италија) која има 1.080 бода.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски