Зошто елиминацијата на Порто од ЛШ е добра вест за Роналдо?

Од:

Португалски Порто испадна од Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Краснодар во третото квалификациско коло. Така, славниот голман на „змејовите“ Икер Касиљас конечно ја изгуби можноста да игра на најсилниот европски клупски турнир оваа сезона.

Токму шпанскиот голман е играч со најмногу натпревари во Лигата на шампионите. Неговиот рекорд е 177 дуели. Сепак, ова достигнување може да го подобри sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо. Тој досега има 162 натпревари и доколку „бјанконерите“ стигнат до финалето на турнирот и Португалецот игра на секој натпревар, бројката ќе достигне 175.

Меѓу сегашните играчи, кои се во топ 10 по натпревари во Лигата на шампионите е само капитенот на Барселона, Лионел Меси. Сепак, Аргентинецот има само 135 дуели и нема шанси да го надмине својот голем ривал во фудбалот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он