Зидан: Нема промена во ситуацијата со Бејл

Од:

Нема промена во ситуацијата со Герет Бејл. Ова го објави Зинедин Зидан на неговата прва прес-конференција по почетокот на подготовките.

За велшкиот репрезентативец се бара клуб, но никој не го сака неговиот потпис, а и тој самиот нема намера да замине сé додека има договор за уште три сезони и огромна плата.

– Нема проблем со Бејл. Никогаш нема да кажам дека еден играч е проблем за тимот. Сè може да се случи. Ќе видиме. Тој има договор со нас и нема промени од јуни, изјави Зидан пред натпреварот со Баерн од „Интернационал чемпионс Куп“.

Французинот, исто така, коментираше и за други работи во врска со тимот.

– Среќен сум затоа што подготовката оди добро. Момчињата работат со расположение и така мора да биде. Ни недостасува физичка подготвка, но ова е логично. Доаѓаме да играме, но знаеме што сакаме да постигнеме и имаме време. Погба? Клубот знае што сака, па ќе видиме. Сега размислуваме за претстојните дуели. Кубо се адаптира одлично и се чини како да е со нас долго време. Сите играчи заслужуваат почит и се трудам да бидам искрен со нив. Азар имаше потреба да дојде кај нас, и ние сме сигурни дека тој ќе стане уште подобар, рече Зидан.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска