Зидан: Нема да биде неуспех ако не освоиме ништо во 2020 година

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е загрижен што тимот не го постигнува истиот успех, како оние од неговиот претходен престој во клубот. Тогаш славниот Французин донесе три титули во Лигата на шампионите и навивачите се надеваат на нови слични триумфи.

– Нема да биде неуспех ако не освоиме ниту еден трофеј. Неуспех би било ако не се обидеме да го сториме тоа, давајќи сé од себе. Мора да тренираме напорно секој ден. Еден ќе ја освои Ла Лига, а друг – Лигата на шампионите. Останатите се будали, нели ?! Не мислам така, рече денес Зидан.

Следната недела „белите“ треба да учествуваат на турнирот за Суперкупот на Шпанија, кој ќе се одржи во нов формат со четири учесници. Тие ќе спорат за трофејот во Џеда (Саудиска Арабија) помеѓу 8 и 12 јануари.

Претходно утре, неговиот тим ќе гостува на Хетафе во Ла Лига, каде Реал Мадрид е втор зад Барселона.

– Вистината е, изгубивме поени и затоа не сме на врвот. Тешко е секогаш да бележиш голови, затоа што и ривалите се во можност да играат добар фудбал. Најважно е дека секогаш се обидуваме да оставиме белег. За сега, можеме да бидеме среќни со она што го правиме. Но, ние сакаме да растеме и да се обидеме да го сториме тоа во 2020 година, додаде Зизу.

Французинот не ја исклучи можноста некои негови играчи, кои не играат доволно, да го напуштат тимот за време на сегашниот трансфер прозорец. Прашањето беше конкретно за Браим Дијаз и Маријано Дијаз.

Зидан исто така потврди дека Еден Азар сигурно нема да отпатува на Блискиот исток следната недела бидејќи тој и понатаму лечи повреди. Надежите се дека тој ќе се опорави потоа.

Би можело да ве интересира

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска