Зидан: Не сум загрижен

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не беше многу потресен по поразот од Тотенхем (3:1) во Лигата на шампионите. Тоа беше втор по ред пораз за „кралскиот клуб“, откако тимот викендот загуби и од Џирона (1: 2) во Примера.

– Не сум загрижен и никогаш нема да бидам. Имавме шанси да го избегнеме поразот, но не го пронајдовме патот до целта. Ние не сме во лоша форма физички, но психолошки ни е потешко да се издигнеме од ситуацијата. Можеби има играчи во полоша форма од другите, но целокупната ситуацијата е добра. Секоја сезона има моменти кога допуштаме повеќе голови, а во други помалку. Генерално, Тотенхем одигра подобро од нас, рече Зидан.

Реал последен пат два натпревари по ред имаше загубено во јануари.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска