Зидан: Кејлор секогаш е важен играч за нас

Од:

Тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во пресрет на натпреварот од 2. коло на шампионатот на Шпанија против Ваљадолид изјави дека не може да го замисли тимот без голманот Кејлор Навас.

– Не можам да замислам тим без Кејлор Навас, не размислувам за неговото заминување. Тој секогаш беше важен играч за нас. Кејлор не ми кажа дека сака да си замине. Овде е се уште. Јас не можам да ги контролирам неговите мисли. Кејлор е среќен тука и сака да покаже дека може да игра тука. Тој е професионалец, а јас сметам на него, изјави францускиот стручњак.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид бара замена за Навас и го разгледува голманот на Милан, Пепе Реина.

На прашањето од новинарите до каде се преговорите со Нејмар, Зидан одговори дека се ќе биде познато на 2 септември.

Редовно се појавуваат информации во медиумите дека најскапиот фудбалер на светот може да дојде во Реал Мадрид или да се врати во Барселона. Јас сум уморен од гласините за иднината на Бразилецот.

– Сакам да дојде 2 септември што е можно поскоро. И тогаш овие прашања ќе престанат, нагласи Зидан.

На 2 септември се затвора трансфер прозорецот во Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска