Зидан ја презема одговорноста за поразот од Валенсија

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по синоќешниот пораз од Валенсија со 4:1, побара да не се критикуваат играчите и целата вина да биде насочена кон него.

– Да, тоа е болен пораз, затоа што навистина добро го почнавме натпреварот. Првиот половина час не беше лош, постигнавме гол. Но, по изедначувачкиот погодок се случи она што се случи. Што се однесува до трите пенали досудени против нас, судијата мора да води сметка за сето ова. Примивме три гола од белата точка и еден автогол. Ова е многу. Јас сум одговорен за ова како тренер, затоа што морам да најдам излез од ситуацијата. Изгледавме одлично, па играта драматично се промени. Ова не ни се случува првпат и не ми се допаѓа, истакна Зидан.

Реал Мадрид по осум натпревари во Ла Лига е на 4. место со 16 бода, четири помалку од лидерот Реал Сосиедад кој е со натпревар повеќе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска