Зидан ја презеде одговорноста за елиминацијата во купот од третолигашот Алкојано

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за поразот на тимот од Алкојано во 1/16 финалето од Купот на Шпанија.

– Направивме сè што можеме. Имавме шанси да го постигнеме вториот гол, но не ги искористивме, а потоа примивме откако самите направивме грешки. Ова е тежок момент за нас. Испаднавме од купот. Сè требаше да биде поинаку, но тоа не се случи. Игравме против тим од Сегунда Б и требаше да победиме, но не е срамота. Ова може да се случи. Ова е она што се случува во кариерата на играчот. Денес е тежок ден, но нема да полудиме. Ќе размислиме за тоа и ќе работиме напорно. Јас сум тренер, па одговорноста лежи во мене, вели Зидан за клупскиот сајт на Реал.

Претходно, Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао (1:2) во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска